Светскиот двократен шампион во скијање на вода, Брајан Граб, доживеа авантура од соништата „сурфајќи“ по најдолгата подземна река во САД.

Граб се најде на 30 метри под површината на земјата за својот револуционерен подвиг, што е прва подземна експедиција на „Е-Фоил“ (eFoil) во историјата. Инаку, „Е-Фоил“ е хидрофолија, односно даска за на вода со низа од крилја под него, коишто всушност ја креваат даската кога брзината се зголемува, создавајќи ефект на лебдење над водата. За разлика од обичните даски за сурфање, „Е-Фоил“ не зависи од јачината на брановите бидејќи се напојува со батерии.

За својата авантура тој ги избра темните длабочини на пештерите Блуспринг во Бедфорд, Индијана, САД, поточно реката Мистри, позната како најдолгата подземна река во Америка. Се снимаше ноќе, бидејќи пештерата преку ден е отворена за посетителите.

Со својата авантура, Граб всушност отвори нов екстремен спорт - тн. „подземен ефоилинг“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2023 15:41