Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич од Непал, Тенџин Шерпа станаа алпинистите кои се искачиле на 14 врвови над 8.000 метри за најскоро време, освојувајќи го денеска и К2 во Пакистан.

И двајцата планинари за три месеци, поточно за 92 дена освоија 14 врва. Успехот е одраз на „решителност, тимска работа и упорност“, како што се вели во нивното соопштение.

Инаку, досега околу 40 мажи и неколку жени стигнале до сите 14 највисоки врвови во светот. Италијанскиот планинар Рајнхолд Меснер прв го направи тоа во 1986 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2023 16:09