Вработените во Националниот парк Зајон во јужниот дел на американската сојузна држава Јута, испекоа кекси во паркиран автомобил за да покажат кој е голема жештината што го зафаќа тој дел на САД.

- Вашиот автомобил може да биде рерна – буквално. Затоа решивме да печеме колачиња, велат ренџерите во објава на Инстаграм, во која е објавено и видео на кое се прикажува како ренџерите ставаат тепсија со колачиња врз контролната табла во автомобилот.

На кексите им требало три часа да се испечат, а ренџерите коментираат дека излегле „малку крцкави“.

Температурите во Зајон во изминатите недели постојано беа над 38 степени Целзиусови, што значи дека температурите во возилата таму можат да достигнат и 93 степени Целзиусови, пренесуваат американските медиуми.

Пред да се испечат колачињата, во автомобилот бил поставен термометар кој се стопил од топлината.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2023 05:36