Последниот автомобил што албанскиот крал Ахмет Зогу го користел во Франција и Египет, пред својата смрт, пристигна во Албанија.

Во јавноста се објавени снимки од автомобилот како влегува во Албанија преку пристаништето Драч, на коишто се гледа старото возило „Ровер“ од лимитирано производство, направен 1949 година. Автомобилот бил користен од кралот Зогу до неговата смрт во Париз во 1961 година, наведуваат албанските медиуми.

Автомобил е истоварен пред неколку дена, под покровителство на Француската амбасада, Албанската амбасада во Франција и страсниот колекционер Ренис Бодинаку и ќе биде дел од музејот што Бодинаку ќе го отвори во Тирана. Информација ифотографии најпрво објавија пристанишните власти на Драч.

Ахмед (Зоголи) Зогу, попознат како Зогу Први (8 октомври 1895 - 9 април 1961) од 1922 до 1924 бил премиер на Албанија, претседател на Албанија од 1925 до 1928 и крал на Албанија од 1928 до 1939, кога ја напуштил земјата откако на албанска територија се истовариле 30.000 италијански војници а земјата била окупирана од Италија.

Најпрвин побегнал во Египет од каде што допловил до Велика Британија каде што со своето семејство живеел во Лондон, а извесно време во 1941 година и во Бакингемшир. По Велика Британија, тој се преселил во САД каде што во 1951 година го купил имотот Нолвуд во Мутонтаун за 102.800 долари, но многумина сметаат дека за 60-собниот имот како замок платил со вреќа полна со дијаманти и рубини. Во 1955 година тој го продал имотот.

Неговото конечно животно одредиште е Франција. Таму живеел до крајот на својот живот. Во 1961 година бил пренесен во болницата Фох во Сенските Висови каде што на 9 април починал на 66-годишна возраст.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2023 17:42