Одделението за социјални политики на Демократското движење, изразува длабока индигнација за вистинскиот хаос и анксиозноста на граѓаните кои ја доживеат чекајќи да се стекнуваат со лична карта и возачка.

Проблемот за закажување термин, долгите редови, неповолните простории се недостоинствени за граѓаните кои вистински страдаат соочувајќи се со овие проблеми, а овие се дел од проблемите за кои се бара решение, но од надлежните органи тивко се занемаруваат.

Условувањето за промена на личните документи не е вина на граѓаните, кои не само што ја доживуваат тортурава во овие жештини, туку, тие треба да одвојат и значајна сума од семејниот буџет, каде што, овој буџет веќе станал симбол на сиромаштијата.

Одделението за социјални политики при Демократското движење ги повикува надлежните органи да преземат ургентни мерки за создавање на ред и нормално функционирање во соодветните простории на МВР, како и да го разгледат предлогот на Демократското движење и констатацијата на Народниот правобранител, трошоците за промена на личните документи треба да бидат на товар на државата, додека пак, на граѓаните кои досега имаат уплатено да им бидат рефундирани средствата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2023 13:45