За добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително вели Јаневска, ова не е реформа, ова е пропадната реформа како што вели и еден од креаторите на истата, Кирил Барбареев.
„Не е реформа во број и распоред на часови реформата е во тоа што ќе улат децата, како ќе учат каков ќе биде резултатот на крај од тоа што наставниците вложиле. Ние сите знаеме дека треба реформа, дека треба да се менуваат податоците кои се застарени, да се учат децата да анализираат и слично. Но, за образованието треба консензус. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде позиција која не ја слуша опозицијата. Ние ќе ги слушаме нивните критики ако се издржани. Оваа концепција ќе мора да претрпи длабоки реформи, она што е добро ќе се задржи вече насртавниците имаат искуство, но она за уште сека кажуваат дека не е во ред е запишано и ќе се најде начин да се среди тоа“, кажа Јаневска.
Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење. Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар.
„Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари“, вели Јаневска.