Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесe барање за свикување продолжение на 123 седница, на која што единствена точка на дневен ред е Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска изјави дека целта на ова барање е да не се одолговлекува процедурата и да се стави на гласање потребата од носењето на уставни измени.

- Македонската јавност е сведок на изживувањето што се врши врз Уставот на Република Македонија и одолговлекувањето на оваа седница нема да донесе ништо добро за државата. Власта, предводена од СДСМ и ДУИ, е свесна дека нема доволен број на пратеници за да изгласа потреба за нови уставни измени и свесно го одолговлекува овој процес. Сакаме да им порачаме дека, ниту сега, ниту во иднина, нема да има двотретинско мнозинство за уставни измени под бугарски диктат и затоа бараме Талат Џафери да не го злоупотребува Деловникот, да закаже продолжение на седницата и конечно да ја завршиме оваа фарса на власта и да пратиме порака дека не може кој како сака и кога сака да ни го менува Уставот, рече Стојановска



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2023 21:02