Работници незаконски направиле „поголема дупка“ во Кинескиот ѕид, со проширување на веќе постоечка шуплина, за да можат со нивниот багер да минат низ неа.

Дел од Кинескиот ѕид во средишната провинција Шанши е тешко оштетен од „градежни работници“ кои се обиделе да си ја олеснат работата со багерот. Така, две лица - маж (38) и жена (55), кои копале во близина на ѕидот се приведени. Истрагата е во тек.

Според првичните наводи, двајцата осомничени предизвикале „неповратна штета на интегритетот на Кинескиот ѕид на Минг и безбедноста на културното наследство“. Полицискиот извештај вели и дека тие просто сакале да си го скратат патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2023 20:44