Во вечерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе понуди обемна историски различна програма за реалните потреби на народот.

Тој додаде дека навистина тоа што ќе биде дел од програма ќе биде нешто кое ќе биде историски различно од тоа што е видено изминатите повеќе од 3 децении.

„Програмата ние ја работиме и навистина имаме исклучително квалитетна програма. Програма која што ќе понуди решенија за многу системски проблеми, затоа што еден проблем се уставните измени, а истовремено ако правилно се цитираат анкетите тогаш ќе видите дека македонските граѓани имаат најмалку 10 други приоритети пред уставните измени. Тоа е она суштински за кое што ВМРО-ДПМНЕ во овој момент се занимава“, потенцираше Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2023 22:20