Овие 32 години независност покажаа дека тешките одлуки денес значат подобра иднина утре. Оваа денешна реалност, кога светот ја признава македонската државност, македонскиот јазик, идентитет, културна посебност, кога Европа ни отвора врата да седнеме на големата маса, рамноправни, го дава суштинското значење на државничките одлуки, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста, 8 Септември, во обраќање на традиционалниот пикник во Пеленица, општина Кисела Вода.
-32 години го обликуваа нашиот досегашен пат како суверена, независна и демократска држава. Сите овие години ја потврдија и решителноста на сите наши граѓани за слободна, напредна и економски развиена татковина, рамо до рамо со европските народи. Надминавме бројни предизвици и секој од нив не направи посилни. Успеавме на трнливиот пат иако не беше воопшто лесно. Со право денеска граѓаните имаат длабоко чувство на гордост. 32 години подоцна: Македонија е меѓународно признаена држава, слободна и суверена, со обезбедени граници, со признаен македонски јазик и идентитет, со развојна економија, повисоки плати и пензии, успешна мултиетничка демократија, членка на НАТО и на патот кон Европската Унија. Оваа денешна реалност, кога светот ја признава македонската државност, македонскиот јазик, идентитет, културна посебност, кога Европа ни отвора врата да седнеме на големата маса, рамноправни, го дава суштинското значење на државничките одлуки, рече Ковачевски.
Каква ќе беше нашата иднина ако на тој 8 ми септември 1991 година останевме дома и не донесевме одлука? Каква ќе беше судбината на овој народ и оваа држава ако дозволевме да не зафати балканскиот виор на војни и крвопролевања? Како ќе ги сочувавме безбедноста, мирот и спокојот на граѓаните ако не бевме членка на НАТО во време на воја на тлото на Европа?, запраша Ковачевски.
И секој политичар денес, треба да се запраша која е неговата улога за иднината на земјата. Која е неговата должност за продолжување на долгиот синџир на македонската државност, додаде тој.
-8 Септември не го означува само новото поглавје во нашата современа историја, туку континуитетот на силната, нераскинлива волја на сите наши граѓани Од Илинден 903-та. АСНОМ 44-та. Референдумот за независност -91-та., рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во обраќањето.
Гласот на 8 ми септември е за глас за европска иднина
Гласот на 8 Септември е глас за европска држава, глас за европска република, порача денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во обраќање по повод Денот на независноста и упати порака за обединување како општество околу европската иднина на земјата.
-На Денот на независноста упатувам порака да гледаме напред кон иднината исполнета со надеж и реална, дофатлива можност за подобар живот. Да се фокусираме на она што не обединува како општество и како земја и да ја донесеме одлуката за уставни измени заедно. Тоа е одлука за европска иднина со која ќе се гордееме сите денеска, но ќе се гордеат и нашите деца и внуци во децениите пред нас. Гласот на 8 ми септември е глас за европска држава, глас за европска република, рече Ковачевски.
Стремежот на нашите предци, на револуционерите, партизаните, преродбениците, не бил да бидеме сами и изолирани, додаде Ковачевски.
-Тие се бореле и сонувале силна и напредна држава, рамноправна со големите европски држави. Да може самите да одлучуваме за себе. А не други да одлучуваат за нас, да ни ја кројат судбината, денешницата и утрешнината. Затоа, гласникот на слободата од 8ми септември 1991 година бара да го чуеме гласот за иднината. Тоа е гласот за Европа, рече Ковачевски.
Пред 1 година овде пред вас ветив успешно справување со енергетската криза, тоа и го остварив. Сега ви ветувам дека следниот избран претседател на државата, на изборите наредната 2024 година ќе биде од редовите на СДСМ и токму СДСМ ќе ја формира и новата проевропска Влада, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Секој политичар треба да каже што избира, членство во ЕУ или неизвесност
Секој политичар денеска треба да се запраша која е неговата улога за иднината на земјата. Која е неговата должност за продолжување на долгиот синџир на македонската државност?, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во обраќање по повод Денот на независноста.
-Богатата историја, нашето минато и наследство секогаш ќе бидат столбот, темелот кој не потсетува од каде сме дошле. Но денеска, прашање над сите прашања е каква е нашата одлука за иднината, кое е тоа едно, вистинско место што го избираме за да ја однесеме нашата земја. Дали е тоа полноправно членство во ЕУ или неизвесност? Рече Ковачевски.
Одлуките што ќе ги донесеме денес ќе влијаат на иднината на нашите деца внуци и на нашата земја, додаде тој.
-Тоа ќе влијае на тоа како следната генерација ќе го слави Денот на независноста по 30 години од сега. И кога денешните деца и внуци ќе се навратат на нашето време, што ќе кажат. Дали ќе бидат горди како што сме ние денеска горди на одлуките и делото на нашите предци или ќе не осудуваат? Ова се прашањата на кои мора да има одговор секој политичар на денот на независноста, рече Ковачевски.
Јас одлуката ја имам донесено, СДСМ одлуката ја има донесено, мнозинството граѓани одлуката ја имаат донесено. Од денот кога ја вративме нашата независност пред повеќе од 30 години, огромното мнозинство на граѓаните, над 80% ја поддржуваат нашата заедничка визија –членството во ЕУ, дециден беше тој.
-Македонската иднина е европска и никако поинаку. Членство во ЕУ е нашата единствена алтернатива. Имаме поддршка од нашите стратешки партнери, време е за одлука. Не ни треба изолација. Не ни треба нова неизвесност. Не смееме да ја пропуштиме историската шанса којашто е пред нас. Едноставно тоа не смееме да им го направиме на младите, на граѓаните, на државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот
Гласникот на слободата од 8 Септември 1991 година бара да го чуеме гласот за иднината, тоа е гласот за Европа. Како што со членството во НАТО го обезбедивме мирот, стабилноста и безбедноста на државата и нашиот народ, членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во обраќање на традиционалниот пикник во Пеленица по повод Денот на независноста.
- Ако за само неколку години СДСМ успеа минималната плата да ја зголеми од 8.000 денари на 20.000 денари а просечната на 36.000 денари со членство во ЕУ платите ќе бидат драстично поголеми. Државите коишто се зачлениле во Унијата, во првите 5 години имаат и до 100-проценти зголемување на платите на нивните работници. Ако СДСМ успеа да обезбеди рекорден прилив на директни странски инвестиции од 753 милиони евра со членство во ЕУ ќе бидат уште поголеми.
Поддршката за земјоделието, за патишта, школи, болници, ќе биде драстично поголема. За земјоделците и за компаниите се отвора пазар до 500 милиони жители и пристап до различни и огромни фондови за финансиска поддршка. Бидејќи земја членка на Унијата добива 11 пати поголема европска помош од ЕУ – фондовите по глава на жител, од земја кандидатка. Безброј економски придобивки носи членството во ЕУ а ние и вредносно таму припаѓаме, рече Ковачевски.
На Денот на независноста упатувам порака да гледаме напред кон иднината исполнета со надеж и реална, дофатлива можност за подобар живот, повика претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
Народот остана силен, ја поддржува европската иднина, само дел од опозицијата сака да ја закочи
Од денот кога ја вративме нашата независност пред повеќе од 30 години, огромното мнозинство на граѓаните, над 80% ја поддржуваат нашата заедничка визија –членството во ЕУ. Народот остана силен и решителен, но дел од политичарите станаа слаби и полни со сомнежи, станаа кочничари на подобра, европска иднина, рече денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Во обраќање по повод одбележувањето на Денот на независноста Ковачевски кажа дека 80% од населението ја поддржуваат европската визија за Македонија, а само дел од опозициските пратениците во парламентот сакаат да ја закочат.
Тоа е неодговорно кон најважното, иднината на земјата, иднината на младите македонски генерации, кажа Ковачевски.
-Јас, ние од СДСМ, тотално не се согласуваме со политиката на Апасиев и Левица. Тие се против ЕУ, против НАТО, зборуваат за рускиот модел. И покрај се тие остануваат лојални на својата идеологија. Но, тие се малцинство меѓу населението. Како човек кој иднината на земјата ја гледа во ЕУ и кој работи за тоа да стане реалност сметам дека нашата земја има многу поголем проблем со оние циници кои секој ден едно зборуваат а друго прават. Со оние кои само декларативно поддржуваат членство во ЕУ но се главни кочничари на нашиот европски пат. Како да се плашат од се што се залага Европа – владеење на правото, демократија, мултиетнички мир, благосостојба, рече Ковачевски во обраќањето.
Жал ми е што морам да ги покренам овие прашања на овој ден, кој треба да биде славенички. Но, имам должност и одговорност да укажам не само на надежта, туку и на опасностите што стојат пред нас од нова изолација и неизвесност ако останеме надвор од ЕУ, додаде Ковачевски.
Ние сме мала земја, единствена и посебна. За да ја заштитиме за на век, ни треба интеграција, продолжување на силната соработка со нашите сојузници, партнери и поддржувачи, САД и ЕУ. Не ни треба изолација. Не ни треба нова неизвесност. Не смееме да ја пропуштиме историската шанса којашто е пред нас, кажа Ковачевски.
-Впрочем и стремежот на нашите предци, на револуционерите, партизаните, преродбениците, не бил да бидеме сами и изолирани. Тие се бореле и сонувале силна и напредна држава, рамноправна со големите европски држави. Да може самите да одлучуваме за себе. А не други да одлучуваат за нас, да ни ја кројат судбината, денешницата и утрешнината. Затоа, гласникот на слободата од 8 Септември 1991 година бара да го чуеме гласот за иднината. Тоа е гласот за Европа, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
СДСМ