„Повторно и во август месец гледате дека трошоците за живот се огромни и се над оние кои се во ЕУ зоната. Тоа е така поради што имаме неспособна Влада. Економијата во државата не мора да ја гледаме само низ бројките и податоците кои ги објавува државниот завод за статистика, само е доволно да излезете на пазар и да ги погледнете цените, ќе погледнете дека тие се 2-3 пати повисоки од тоа што биле пред една или две години. Тоа директно удира на стандардот на граѓаните“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Кавадарци. Тој посочи дека овие параметри наведуваат на лошата економска состојба и стандардот на граѓаните, за што решение се избори.

Мицкоски потенцираше дека пред некој ден истиот тој Државен завод за статистика објави податоци за индустриското производство, кое во првите 7 месеци има едвај само еден процент раст споредено со истиот период минатата година. Потенцирајќи дека она што загрижува е состојбата со преработувачката индустрија, која во првите 7 месеци е под нивото од првите 7 месеци во минатата година, додека пак за месец јули таа е помала за 1,2% во однос на истиот месец минатата година.

Претседателот истакна дека овие параметри се доказ за лошата економска состојба и слабиот стандард на граѓаните, за што решение се избори.

„Ние цело време зборуваме, колку подолго остане оваа неспособна и криминална Влада на ДУИ и СДСМ или СДСМ и ДУИ како сакате толку поголем цех ќе плати државата и граѓаните. Единствен начин да се казнат овие криминални измамници во Владата се изборите“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати повик до граѓаните и ги повика граѓаните во Македонија, сите оние кои што се политички определени или сите оние кои што, можеби и не се политички определени, да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на следните избори кои што за неколку месеци од денеска ќе се случат, да излезат и да гласаат.

„Со седење дома не можеме да помогнеме во овој процес. Мораме да излеземе масовно и да ја поддржиме опцијата која што се обединува се повеќе околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ВМРО-ДПМНЕ ја предводи. Тоа е единствениот начин овие политички измамници и криминалци да се соочат со одговорноста. Ниту една измена во било каков закон нема да им помогне. Јас тоа го кажав, и златно знаме да стават, не европско, златно знаме да стават има и други членови, десетичи други членови и во тој закон и во други закони по кој што ќе бидат тие изведени пред лицето на правдата. Криминалците нема каде да избегаат и не може да се скријат, но единствен начин да ги поразиме криминалците е масовно да излеземе на избори“, кажа Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2023 20:08