Денес премиерот Ковачевски изјави дека законот за амнестиј кој го туркаат во Собрание не се однесува на сериозни дела. Еве дел од делата на кои се однесува овој закон:
Тешка телесна повреда
Загрозување со опасно орудие при течачка или караница
Противправно лишување од слобода
Грабнување
Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување
Малтретирање во вршење на службата
Загрозување на сигурноста
Нарушување на неповредливоста на домот
Злоупотреба на лични податоци
Повреда на правата од работен однос
Повреда на угледот на Република Македонија
Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците
Одземање малолетник
Запуштање и малтретирање на малолетно лице
Пренесување заразна болест
Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Овозможување на употреба наркотични дроги
Тешки дела против здравјето на луѓето
Загадување на животната средина и природата
Узурпација на недвижности
Незаконита експлоатација на минерални суровини
Предизвикување шумски пожар
Мачење животни
Кражба
Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас
Тешка кражба
Бесправно градење
Измама
Оштетување или повластување на довертели
Изнуда
Уцена
Лихварство
Фалсификување пари
Перење пари и други приноси од казниво дело
Недозволена трговија
Криумчарење
Царинска измама
Даночно затајување
Ако овие кривични дела не се сериозни и тешки тогаш кои се?
СДС и ДУИ исто како и во 2017 пред избори сакаат да ослободат тешки криминалци, кои се блиски до нив.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите расположливи механизми за да го спречи носењето на законот, затоа што тој не е за граѓаните, туку за криминалците.