Имаме период каде државата треба да троши на капитална инвестиција , а да ги намали останатите трошоци. Ние во капитални инвестивии во континуитет гледаме пари кои се трансферираат кон одредени институции, а понатаму се трошат за оперативни расходи. Значи само стои под капата капитални, а во суштина не е така. Демографскиот фактор е сериозен проблем и имате се помалку имаме работна сила и се борите да ги задржите луѓето и имате повиоскои трошоци за платите. Значи на некој начин се вртиме во круг, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Вин вин што се емитува на телевизија Телма, а говорејќи на тема околу актуелните еконосмки прашања во државава.

Според неа Народната банка нема инструменти и ги покачи каматните стапки. „Тоа сега кај фирмите прави дополнителен трошојк кој повторно оди кај финалниот производ. И ова сега е во континуитет. Ние се вртиме во еден магичен круг кој нема крај“, вели Кочоска.

Кочоска додаде „имам впечаток дека Владата не ги истражува вистински кои се факторите зошто кај нас ако пост ковид причината беше понуда и побарувачка за повиски цени, сега инфлационите очекувања се најголем проблем и затоа растат цените, а тоа е најтешкиот облик што може да се искорени, а ние стигнавме до таму“.

Кочоска заклучи дека инфлацијата кај нас стана системски проблем. Според неа „во војна помеѓу приватен сектор и Влада страдаат граѓаните тоа се покажа со ова што се случува со цените кај нас“. „Ако имате корупција, криминал, неконтролирано трошење на Буџетот и во исто време носите даночни реформи во кој планирате дополнително да го оптоварите приватниот сектор, нормално е фирмите да менуваат математики, тука требаше државата да ги заштити граѓаните“, вели Кочоска.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2023 06:26