Половина месец од скандалот Онкологија, а власта предводена од СДС и ДУИ молчи.
Јавноста секој ден само слуша за се помонструозни детали од овој скаландал. Или според информации во јавноста онколошки пациенти кои починале и понатаму се водат на листи за лечење, за оние пак кои се лечат се уште нема дел од потребната терапија и слично.
Надлежните, МВР, обвинителството, воопшто правосудството во држава се слепи за криминалот на Онкологија.
Час поскоро потребно е да се дадат одговори, кому се му биле издавани цитостатици, дали странски државјани биле лекувани со цитостатици на сметка на Фондот за здравство, дали малверзациите на Онкологија се причина за милионските долгови на Клиниката во последните три години?
Во меѓувреме, власта на СДС и ДУИ за три години на тендери за софтверски лиценци троши 40 милиони, а од болните се крадат лекарства, не дава финансиска помош за децата со Даунов синдром и само наоѓа начини да краде од народот!
Едноставно е, потребно е да се детектира од страна на надлежните кој е виновен за скадалот Онкологија. Не смее и овој скандал да заврши како оној со модуларната во Тетово која изгоре и притоа животите ги изгубија 14 лица, а виновен беше кабелот.
На сето ова ќе се стави крај. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се зафати со решавање на овој проблем, како и воопшто со сите случаи каде постои основано сомневање дека некој крадел и се богател на маката на граѓаните.