За помалку од 3 години фирмата Аитоникс од владата за софтверски лиценци земала над 40 милиони евра.

Просечна фирма која имала годишен профит од по 500 илјади евра, сега зима два тендери од владата на Ковачевски, во 2020 година во време на Рашковски 15 милиони евра и во 2023 година во време кога премиер е Ковачевски, 25 милиони евра.

Последниот договор помеѓу фирмата Аитоникс и владата е потпишан на 1 септември, во време на најголемиот скандал на онкологија.

Владата на Ковачевски нема пари за набавка на терапија за дијабетичарите, ама има 40 милиони евра за софтверски лиценци. Владата на Ковачевски нема пари за покачување на пензиите на пензионерите, ама има 40 милиони евра за софтверски лиценци.. Владата на Ковачевски нема пари за субвенции и помош на земјоделците, ама има 40 милиони евра за софтверски лиценци.. Владата на Ковачевски нема пари за доизградба на Клиничката болница во Штип, ама има 40 милиони евра за софтверски лиценци..

Криминалците од ДУИ и СДС мислат само на тендери и како да украдат некој денар повеќе, додека народот осиромашува и не знае како да го помине месецот.

Димитар Ковачевски треба да одговори зошто и како иста фирма во рок од 3 години ги добива тендерите за софтверски лиценци. Дали познанството на Ковачевски и сопственикот на фирмата Аитоникс е пресудно за оваа фирма да ги добие тендерите.

Одговорност за овој криминал ќе има. За секој украден денар од џебот на граѓаните ќе одговараат.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2023 12:55