Образованието е стожер на општеството и главен фокус на делување на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Новите образовни реформи на Владата на СДСМ, т.н. Концепција за основното образование се базира на обезбедување на квалитетно образование преку иновативни и креативни пристапи на настава и учење. Овие карактеристики се широко распространети во Европа и светот. Општествата во ова современо време се менуваат , а во согласност со тоа и образованието треба да биде во чекор со промените. Образовниот модел во основното образование е основа за оспособување на нашите деца да одговорат на барањата на брзото темпо на развој на општеството. Наставните планови се креирани да придонесат кон мотивација и стимул за критичко размислување, донесување заклучоци врз основа на факти, нешто на кое треба да се работи сериозно во општество во кое брзото обработување на привлечни информации знае да ја доведе во заблуда јавноста, често проследенo со лажни вести, испревртени факти и обвинувања без основа и издржани аргументи. Треба да ги научиме нашите деца да бидат критични, но и своите искази да ги базираат на докази. Токму тоа е едно од целите на основното образование. Насоките кои беа објавени од страна на Бирото за развој на образованието се само дополнително појаснување на образовниот процес, помошна алатка за просветните работници и директорите кои треба да го пренесат своето знаење и вештини на децата. Секое манипулирање со надлежностите на институциите кои имаат за цел да го помогнат процесот, да дадат насоки и сугестии за поуспешна реализација на воспитно образовниот процес е деструктивно и се спротивставува на развојот на образованието во целост.

Горди сме што овозможуваме образование достапно за сите под еднакви услови. Основното образование во нашата држава обезбедува инклузивност и вклучување на различности. Во новите реформи во основното образование ставаме акцент на интеркултурното образование, со кое се овозможува одржлив начин на заедничко живеење во нашето мултикултурно и мултиетничко општество.

Воведовме Национално тестирање кое нема да служи како алатка за деградирање на наставниците и нивно казнување, туку алатка на која ќе се базираат идните реформи во образованието. Токму поради лошите резултати на меѓународните тестирања, ја воведовме Концепцијата во основното образование како нова реформа која има конкретни решенија за унапредување на квалитетот на образованието, и истата се базира токму на резултатите од меѓународните тестирања и трендовите на европско образование.

Апелираме да не се заборави дека во фокусот на владата предводена од СДСМ се на благодетот на наставниот кадар. На наставниците им се овозможи:

кариерно напредување во звања и обезбедивме квалитетна менторска поддршка на наставниците приправници. Наставниците не се подложни на познатиот процес на екстерно тестирање од кое трпеа последици на нивното работно место. платите драстично се зголемија, за разлика од периодот кога ДПМНЕ беше на власт ги зголеми за само 850 денари. Ги зголемивме платите на наставниците за првпат после неколку години за 55%, односно 52.542 денари бруто плата без додатоци. по децении за првпат го вративме регрес за годишен одмор на наставниците. овозможивме развивање на професионалните компетенции на наставниците преку обуки на разни теми кои се од големо значење за унапредување на квалитетот на образовниот процес. им се намали административната работа на наставниците оставајќи простор за нивна автономија во организација и реализација на наставниот час и времето поминато во училиште.

Да потсетиме дека успешно се справивме со наставата од далечина во пандемските услови. Искуството ни покажа дека и покрај предизвиците од користење на дигиталната технологија во образовниот процес, може да се користи како алатка за совладување на некои содржини. Набавивме бројни интерактивни табли, а доделивме и 10.000 таблети на ученици ширум државата. Во 264 училишта опремивме лаборатории за природните науки. Воведовме дигитални услуги за учениците, наставниците и родителите (упис на ученици во прво одделение, упис на ученици во прва година, електронско аплицирање за ученички и студентски стипендии, студентски оброк, ученички и студентски домови, нострификација и еквиваленција на документи и др.)

Во најголем дел од основните училишта во државата овозможивме екипирање на стручната служба од најмалку тројца стручни соработници: педагог, психолог и специјален едукатор и рехабилитатор ( дефектолог) . За инклузираните ученици со посебни потреби во редовната настава обезбедивме образовни асистенти и помош и поддршка на училиштата од Ресурсните центри и центрите за поддршка.

За талентираните ученици кои освојуваат државна и меѓународна награда обезбедивме финансиска поддршка и за ученикот и наставникот ментор на ученикот.

Создадовме база ЕДУИНО со примери од добра пракса и истата е веб платформа достапна за сите, која наставниците ја користат при реализацијата на наставните содржини, а истата може и понатаму да се надоградува со интерактивни содржини.

Изминативе години низ државата реконструирани се и предадени во употреба бројни основни и средни училишта, аопременувањето и реконструирањето продолжува.

СДСМ како политичка партија која делува во интерес на развој и благосостојба на општеството и понатаму ќе се грижи за спроведување на политиките во образованието, ќе работи во иднина на предизвиците и проблемите со кои сите засегнати страни се соочуваат. СДСМ е партија која соработува и ќе соработува со сите засегнати страни (ученици, студенти, наставници, професори, родители, институции) и заедно со нив ќе се стреми кон надминување на тековните проблеми во образовниот процес. СДСМ е отворен и секогаш ќе биде отворен за соработка за разлика од ДПМНЕ, партија која секојдневно критикува, пласира невистини, и континуирано негира развој на образовниот процес.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2023 02:30