Оваа влада ќе си замине и ќе дојде влада која вистински ќе ги реформира процесите, нема да има ваква висока корупција, ќе одговараат криминалците наместо да се преговара со нив, ќе одат во затвор наместо да се амнестираат, економската политика ќе биде во согласност со европската, нема да имаме вакво здравство луѓе да молат за лекови. Државата ќе биде реформирана во целост, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски за Анализа на ТВ24.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати укажува дека позади ветото на Бугарија стојат и други европски држави кои сакаат да се реформира ваквиот начин на прием
Петрушевски посочи кога Македонија ќе има реформи, борба против корупција, никој во ЕУ нема да има забелешки, а сега сме во ситуација кога СДС земале обврски кои се надвор од памет, а решението треба да го најде ВМРО-ДПМНЕ.
- Ние го посочивме нашето решение кога ќе дојдеме на власт и тоа се совпаѓа со документот кој го изработила германско-француско работна група која три месеци работела на него. Не се претпоставки, туку има точни и прецизни рокови кога ќе се имплементира, почнувајќи од 2024 изборите за ЕП се до 2029 година што треба да се сработи. Ова не е наивна претпоставка туку сериозен документ на кој работела ЕУ откако видела дека ваквиот начин на примање членки е однапред осуден на пропаст, рече Петрушевски.
- Ние нудевме решенија дискутирани со релевантни фактори. Ќе видите дека е можно Македонија да го изоди тој пат без да биде уценувана од Бугарија со непристојни уцени, рече тој.
Петрушевски истакна дека за новиот документ за реформи во ЕУ веќе постои широка дебата и со овој нов предлог реформа се предвидува да се гласа со 50% плус 1, да не може една држава да блокира.
- Кога ќе се промени процесот ќе се отворат нови можности во делот на пристапување за земјите членки. Со овој нов начин Бугарија нема да може да блокира за билатерален спор, изјави Петрушевски.