Владата на ДУИ и СДС ја претворија Македонија во ветена земја за криминал и корупција. А токму тие се на врвот на тој криминал. Нема ден да не помине а во јавноста да не излезе афера или коруптивен скандал. Тоа што во други земји се случува еднаш во годината, кај нас за жал стана секојдневие. Затоа Македонија е најсиромашна, најкорупмпирана и економски најлоша земја во Европа.

Само вчера беа актуелни три коруптивни скандали. 40 милиони евра се дадени за лиценциран софтвер на компанијата на колегата на Ковачевски од факултетот каде што предаваше.

Во исто време компанијата која е донатор на ДУИ добила уште еден тендер, овој пат за регулирање на одводен канал во Арачиново, тендер вреден 1 милион евра.

И на крајот тајната одлука на владата за основање три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, нешто што отвора сомнеж дека се задоволуваат бизнис интересите на високи функционери во Владата.

Коруптивните скандали се вртат како на филмска лента.

Во европска земја еден скандал од овие да се случи, владата веднаш би си поднела оставка, а кај нас мафијата на власт око не и трепнува. Фрлени се на крадење и на криминал затоа што знаат дека броени им се деновите. Мислат дека со измени на КЗ ќе се спасат од одговорност, но се лажат. Секој залак што го украле ќе им преседне, и за секој денар што го украле ќе одговараат.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2023 17:13