Лицемерието на актуелната власт нема крај. Честопати тие се горди на нешто од што всушност треба да се срамат.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, зголемувањето на минималната плата за 10 % или за 2.000 денари го смета за големо достигнување.

Од друга страна, покачувањето на платите за функционерите изнесуваше 78%, достигнувајќи вредност од 128.000 денари или над 2.000 евра, и ова е исмејување со судбината на обичниот граѓанин.

Веќе сите знаеме дека граѓаните се на работ на егзистенција. Се разбира, овој секојдневен притисок не го чувствуваат владините функсионери и нивните семејства, бидејќи тие токму на сметка на граѓаните си обезбедија за себе удобно секојдневие.

Ова што го прави власта е само уште еден обид да се купи волјата на граѓаните за претстојните избори.

Но, граѓаните добро знаат дека владата се обидува да го продаде како успех покачувањето на минималната плата за 2.000 денари, додека за себе ги покачија платите во вредност од повеќе од 2.000 евра, и корупциските скандали не престануваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2023 04:05