Додека за некои пациенти ги нема ниту основно потребните лекови во ЈЗУ и се приморани самите да си ги купуваат

Додека Министерството за здравство помпезно ги најавуваше промените, но се уште ништо реално не направија за народот

Додека министерот за здравство 10 дена се шета по Америка како да е министер за надворешни работи

Прашуваме и бараме одговори

1. Зошто сеуште нема ниту еден нов лек на Позитивната листа?

2. Зошто нема детектирано лекови кои со вклучување на Позитивната листа на лекови, не само што не би направило дополнително оптеретување на буџетот, туку истовремено ќе овозможат и заштеди?

3. Зошто продолжува набавувањето на лекови со согласности од Министерство за здравство и Фондот за здравство според условни буџети и најчесто преку нетранспарентна постапка без правила?

4. Зошто нема државна евиденција и следење на употребените количини на лекови во сите здравствени установи што по закон е обврска на Агенцијата за лекови? Каде е министерството за здравство во оваа работа? Министерот е во САД тоа знаеме.

Дека станува збор за маркетинг говорат карактеристиките на дефектниот здравствен систем

1. Набавка на фаворизирани скапи лекови што не се на позитивната листа во одредени ЈЗУ со нетранспарентно одобрување од МЗ и Фондот без примена на постапката за условна листа на лекови

2. Застарена терапија и лекови од 1995 година на позитивна листа

3. Немање лекови за третман на пациенти

Поради лошата актуелна ситуација во оваа област

Апелираме до властите, до Министерството за здравство, до Фондот за здравство и до Агенцијата за лекови - Направете нешто за народот! Ако не знаете како, прашајте!

На сите болни им требаат нови и модерни лекови на позитивната листа.

Престанете да ја користите моќта на вашите моментални позиции за да ги штитите и полните приватните џебови на штета на народот и државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2023 13:00