Земјоделците за оваа Влада се маргинална група и така е веќе шеста година по ред. Но, добрата вест е што набрзо од денеска оваа влада ќе биде во опозиција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за проблемите со откупот на пиперките и грозјето за време на посетата на општина Брвеница.
Мицкоски укажа дека добрата вест е што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш во минатото во фокус и било работењето, но исто така и земјоделците како наши сограѓани.
„Многу е важно тие да произведуваат она со што ние се развиваме како држава, да произведуваат доволно храна за нашите потреби, но и за извоз“, кажа Мицкоски.
На крајот тој заклучи дека „не треба да се биде голем аналитичар и да се види дека за жал 6 години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ како сакате“.