Баерн се одлучи за своите трансфер цели за зимата. Клубот има намера да направи две засилувања.

Според „ Kicker“, главна цел на Баерн е да ангажира одбранбен играч за врска и десен бек. Главниот тренер Томас Тухел работи на засилување на тимот заедно со спортскиот директор Кристоф Фројнд. Конкретните имиња на играчите се уште не се соопштени. Тухел смета дека клубот од Минхен треба да има повеќе одбранбени играчи во својот ростер.

Баерн моментално е на првото место во поредокот на Бундеслигата со 13 бодови од 5 кола.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2023 16:02