- Жичарницата на Водно од недела ќе работи од 10 до 18 часот. Притоа, од 17 до 17.30 часот ќе биде последно возење од доле-нагоре, односно во 17.45 часот ќе биде последно возење од горе-надоле, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.

- Посоченото работно време е согласно одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи поради редовни сервиси, се истакнува во соопштението.

Линијата „25“, Транспортен Центар - Средно Водно, од недела ќе сообраќа по есенски режим на работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2023 19:34