Решетките на рерната се валкаат често, и тоа со тврдокорни дамки... Поради тоа, домаќинките и домаќините на интернет споделуваат нови начини за чистење, па еден од нив гласи - прашок за алишта во када со топла вода.

Сè што треба да се додаде е крпа во кадата каде што решетките извадени од рерната ќе „преноќат“, за да не се изгребе белата површина.

Потоа кадата се полни со врела вода, така што нивото ќе дојде над решетките. Следно, во сад се меша уште малку вода со околу три лажици прашок за перење и се додава во другата вода. Решетката се остава да отстои преку ноќта, а потоа се плакне и оди на сушење.

Познавачи на домаќинството советуваат да се додаде и малку сода-бикарбона во водата заради уште подобро чистење.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2023 06:12