Полицијата во Германија, поведе истрага против хигиеничарка која неовластено наплаќала користење на тоалетите на фестивалот „Канстатер фолксфест“ во Штутгарт. На тој начин таа од посетителите „заработила“ илјадници евра.

„Жената ги терала луѓето да плаќаат за користење на инаку бесплатниот тоалет и со тоа заработила неколку илјади евра. Ова е недозволиво. Жената е уапсена и истрагата е во тек“, соопшти полицијата.

Според порталот „Штутгартер-Накриштен“, жената е уапсена од полицајци во цивилна облека, и е осомничена за незаконска заработка.

Полицискиот оддел во Штутгарт на својата „Х“-страница објави и фотографија од заработката на хигиеничарката



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2023 19:46