Слабиот интерес за појадок во Студентските домови доведе до скратување на појадокот и оставање на студентите сами да се снаоѓаат за појадок, но од друга страна интересот за добра храна е огромен во Владата.
Доказ за големиот интерес за храна во Владата е и менито од кое што јасно може да се забележат ниски, замрзнати цени и намалено ДДВ. Па така додека студентите мака мачат за да се прехранат, нашите владини функционери се гоштеваат речиси бесплатно.
Затоа ние студентите се собравме и дојдовме тука пред Владата, нашите дневни 140 денари студентски субвенциониран оброк да ги потрошиме на убаво приготвена и евтина храна.
И сето ова можеби е нормално за членовите на Владата, но реалноста е поинаква. Негрижата за студентите продолжува и понатаму.
Срамно за една држава и Влада, во која менито во Влада е поевтино од она во Студентските домови и Факултетите.