Праксата на неказнивост на сторителите на криминални дела ги разочарува граѓаните и тоа мора да прекине, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање околу прекинувањето на судски процеси по измените на кривичниот закон.
Мицкоски најави борба против оваа појава уште во првите денови по преземањето на власта.
- Навистина е трагично што ваквиот начин кога се имплементира политичка неказнивост и истовремено се обезбедува идна амнестија за сторените кривични дела изминативе шест години. Тоа го разочарува и демотивира народот и затоа денес сме сведоци кога цели семејства ја напуштаат Македонија, затоа што се обесхрабрени и немаат надеж дека можат да успеат. Еве јас ветувам дека во првите сто денови јавноста ќе види резолутна и робустна борба против криминалот и политичката корупција. Мора одлучно да се тргне во борба со ваквиот криминал, бидејќи ни стана пракса да постои неказнивост, а таа пракса е лоша за државата и најмногу за граѓаните, бидејќи ги разочарува, рече Мицкоски при денешната посета на Зелениково.
Тој вината ја префрли на актуелната власт, бидејќи како што рече таа правела спектакли при апсењето на осомничени без да се почитува презумпцијата на невиност, за кои рече рече дека дел биле заслужено, дел незаслужено обвинети.