Бројките за иселување кои ги слушаме ја даваат тажната и ужасната слика на исчезнување на Македонија. Македонија станува земја без народ, територија без население, а нема држава без народ, нема училишта без ученици, нема економија без луѓе и нема ништо ако нема деца. А нас како никогаш во историјата изминативе 6-7 години ни снемува деца, млади и ни сменува детски плач, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Ѓорчев истакна дека причините се бројни, но Македонија никогаш немала покатастрофална власт. оваа власт на Заев, Ковачевски и Пендаровски буквално ја уништува Македонија.
- Буквално ја уништуваат Македонија. Ние сме земја која секогаш имала иселување, имало печалба, гурбет, луѓе кои од помалите места оделе за Белград, Германија, прекуокеанските земји, но ваква катаклизма немало никогаш. Пред да дојде живот како што велеше Заев во 2016 имавме 23.000 бебиња, а минатата година имаше историски најмалку 18.027. ниедна земја во светот немала таков пад, нагласи тој.
Ѓорчев посочи дека економската политика апсолутно игра улога, нема нова отворена фабрика, нема нов проект, Македонија душмански се пљачка, луѓето бегаат, креваат раце, старите остануваат сами, нема кој да ги гледа, младите заминуваат во Италија, Германија, Скандинавија.
Во првиот квартал оваа година родени се само 3600 деца, а во 2016 година родени се 5600 деца. Тоа се 100 паралелки помалку со деца. Ако ги погледнете бројките падот е 40%, нас ни се случува рецесија на животот, на Пендаровски, Ковачевски, Заев око не им трепнува. Една општина Зрновци првото дете се раѓа во октомври, до толку е лошо, не се сите исти во општина Зрновци во 2016 имало 20 деца. Има одговорност за тоа. Не може да бидеме рамнодушни на тоа. Оние кои ова и го приредија на Македонија треба да ги набркаме, Македонија сака и мора да опстане, изјави Ѓорчев.
Ѓорчев нагласи дека не се само помалите места и во поголемите градови е исто, на пример во Центар 4 школи не може да наполниме со деца, паднати сме на 15-16 ученици во паралелка.
- Си заминуваат добростоечки семејства, жестока неправда и се случува на Македонија. Мораме да застанеме на нозе, мораме на овие некадарници да им кажеме пријатно и Македонија да ја креваме на нозе, истакна Ѓорчев.
Кога е силно ВМРО-ДПМНЕ и Македонија е силна, не треба да се губи надеж, знаме како да го направиме, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе има економија, добри политики програми. Заеднички да ги негуваме традиционалните семејни вредности. Решението е 61 пратеник, треба жестоко изборно оваа власт да биде казнета. Мора да имаме влада што си ја сака државата за да ја издигнеме државата.