Денес го славиме основањето на Македонската револуционерна организација, првиот чекор до македонска држава. Денешниот 23 октомври го симболизира почетокот, но и континуитетот на македонската борба за независност.
Бележиме 130 години од храбрата и умна одлука на шестмината основоположници, македонски револуционери кои ги поставиле основите на симболот и знамето на борбите на Македонците за слобода.
Македонските социјалисти имаат своја историска улога и се составен дел од сите случувања, одлуки, сè до остварување на целите. Ние со гордост го нагласуваме нашето минато и поврзаност со македонскиот народ, за разлика од политичките субјекти од власта кои, неразбирајќи го значењето на денешниот ден и срамејќи се од македонската историја, со премолчување и нечествување го понижуваат и овој македонски празник, повторно газејќи врз достоинството на македонскиот народ.
Секој го избира патот по кој ќе оди, нашиот пат од пред 130 години е единствен и заеднички со патот на македонскиот народ.
Нека ни е честит денот на Македонската револуционерна борба! Вечна да е Организацијата! Да живее слободна Македонија!