Со цел да ги поттикне младите да јадат повеќе компири, Фламанскиот центар за маркетинг во земјоделството и рибарството (ВЛАМ) почна кампања, за која белгискиот диџеј и инфлуенсер Мајкл Амани создаде техно песна и видео клип.

Целта на кампањата „Компири: подгответе се да бидете изненадени. Омилено во Европа од 1536 година“ е да ги отфрли заблудите на младите за компирите и да ги поттикне младите од 18 до 34 години да го јадат.

„Со рецептите сакаме да покажеме дека можностите за готвење со компири се бесконечни. Овој инспиративен пристап ќе биде надополнет оваа есен со атрактивна кампања „Potato techno““, објавија од ВЛАМ.

Во музичкото видео, придружено со техно звуци, прикажани се начините на подготовка и разновидноста на белгискиот компир.

Белгија е еден од најголемите извозници на компири во светот, вклучувајќи го и замрзнатиот помфрит. Во 2022 година, 3,4 милиони тони замрзнати производи од компир беа извезени во земјите ширум светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2023 06:22