„Ме прашавте дали има барање за состанок кај мене, секој добронамерник е добредојден. Секој кој што сака да разговара, јас ќе разговарам. Имаме ние многу теми кои што за нас се многу поважни од темата уставни измени и вклучително темата уставни измени. Ние нашите аргументи сме ги кажале, многупати доаѓале во овие 16 месеци и многупати по телефон сме разговарале, стотици пати со големи светски дипломати. Не сме слушнале од другата страна аргумент кој што нас може да ни даде една комотна ситуација и комфорна, и да речеме е да сега не убедивте“, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан дали ќе има состанок со Фон Дер Лајен.
Мицкоски додаде дека многупати соговорниците од странство добивале лажни информации од Владата, па и од Бујар Османи.
„Многупати на тие состаноци, во тие телефонски разговори ние со нашите аргументи сме ги разубедувале соговорниците бидејќи добивале претходно лажни информации од страна на луѓето во Владата, меѓу кои е и овој кој што го споменавте Бујар Османи“, рече Мицкоски.
„Јас ги разбирам, под притисок се, очајни се, гледаат како доаѓа крајот на нивната политичка кариера, свесни се за тоа што го правеа овие шест години, свесни се дека со нас и со мене лично нема договор и трговија за политичка амнестија, свесни се дека ќе одговараат многу скоро“, појасни тој.