Дали ДУИ мести тендер од 4.5 милиони евра во Тетово за партиска градежна фирма?
На 12 октомври годинава МОН на Јетон Шаќири распишува јавен оглас за избор на фирма за реконструкција на средното училиште Моша Пијаде во Тетово во вредност од 4.5 милиони евра
Тендерот кој е еден од поголемите во обем во државата го следат многу контроверзии.
Постојат сомнежи дека ДУИ го мести за партиска градежна фирма.
Според условите на повикот фирмите кои воопшто може да учествуваат мора да имаат реализирани минимум три договори во последните пет години, од кои барем еден да биде со сума не помала од 160 милиони денари. Дополнително фирмите мора да имаат приход не помал од 287 милиони денари за секоја од последните три години.
Според условите на тендерот станува јасно дека веќе однапред е скицирана фирмата или фирмите кои треба да се јават на него, а потоа и да го добијат.
Дали повторно како фирма добитник на овој тендер ќе се јави фирма донатор на ДУИ или фирма блиска до врвот на оваа партија?