Во однос на изјавата на Ковачевски, СДСМ има настани на кои промовира инфраструктура, опозицијата на настани пушта само музика, би го истакнале следново... Со голема љубопитност се обидовме да ги побараме настаните кои ги организирал Ковачевски и на кои промовирал објекти но такво нешто ние како и целиот народ не можевме да видиме, ниту пак возможно е да се дознае каде бил таквиот настан.
Единствена трага од некаков настан беше поставената табла за Бехтел и Енка, ама утврдивме дека и нејзе ја извадија.
Со оглед на големата доза на незнаење и неспособност на Ковачевски свесни сме дека секој став на ВМРО-ДПМНЕ му е музика, а најгласната ќе ја слушне на денот на избори и тоа од народот.