Како продолжение на нашата теренската акција „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска сме овде во две општини кои се многу значајни посебно за економскиот развој на Македонија, бидејќи некако откако се развиваат претставуваат центри за инвестиции, а тоа се општината Петровец и општината Илинден.

Денеска почнуваме од општината Петровец, благодарност до градоначалникот, до пратеничката Марија Петрушевска, до сите кои се денеска овде со мене, и потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, членот на Извршниот комитет Зоран Љутков, советниците, администрацијата, што имавме можност да поразговараме со бизнис заедницата овде во општина Петровец. Да слушнеме од прво лице кои се предизвиците со кои тие се соочуваат бидејќи на следните избори кои ќе се случат на неколку месеци од денеска сакаме да понудиме програма која ќе содржи решенија за реалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат бизнисмените, но и граѓаните, ценејќи дека на тој начин може на правилен начин да се развива Македонија и цениме дека на тој начин ќе имаме додадена вредност во изборниот процес, но и како идна влада мислам дека овие средби се исклучително значајни.

Денеска продолжуваме најпрво во Петровец, промоција на проекти, реализирани од страна на градоначалникот Борче кој навистина многу напорно и вредно работи, проекти кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира исто така ќе бидат опфатени со нашите денешни посети. И ценам дека понатаму во општина Илинден ќе имаме еден успешен ден, ден во кој што ќе има многу средби со група граѓани од каде што ќе слушнеме многу предлози, многу прашања кои што ќе бидат преку решенија преточени во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Така што уште еднаш благодарам и на медиумите за можноста и за вашето присуство и се надевам дека во периодот кој што следи ќе се гледаме почесто.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2023 17:22