Па да бидеме чесни очекувам претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен дека ќе излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ и дека без дополнителни условувања со кои што е соочена нашата држава ќе ги отпочнеме преговорите, иако сум свесен за многуте недостатоци кои што ги имаме на домашен план поради неработењето на корумпираната влада на СДСМ и ДУИ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кои се неговите очекувања од посетата на претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен во Македонија.

Мицкоски истакна дека така ќе се оддаде признание и почит кон граѓаните и државата за сите понижувања и омаловажувања кои што се направени од промената на националното знаме, па се до насилната промена на Уставот и уставното име.

И ценам дека на тој начин ќе се оддаде признание и на државата и на граѓаните за сето она кое што го направија изминатите 23 години, ќе ве потсетам од првиот ден кога беше потпишан Договорот за стабилизација и асоцијација, ќе се оддаде признание и почит кон сите понижувања и омаловажувања кои што мораше граѓаните во Македонија да ги издегустираат и македонскиот народ, од промената на националното знаме па се до насилната промена на Уставот и уставното име. Нешто што ниту една друга држава која пристапуваше кон ЕУ не го направи. Очекувам да се даде такво признание, пријатно да не изненади и ако малку го почитува овој народ и држава, тоа е најмалку што може да го направи, изјави претседателот Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2023 17:33