Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој што истакна дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени се јасни а суштината на македонските политичари е да ги застапуваат македонските интереси за кои и што се платени од народни пари.

„Секој кој што сака да разговара со ВМРО-ДПМНЕ и да ги слушне нашите аргументи е добредојден. Нашите аргументи остануваат исти сметаме дека она што беше кажано во таа насока не беше доволно за да ни го промени нашиот став од аспект на уставни измени. Од она што може да се заклучи еве денес е ден после таа посета нема никакво подобрување ниту во здравството енергетиката труд и социјалата, финансиите, тоа значи дека сепак ние самите дома ќе треба да ги подобриме тие перформанси за да можеме да аплицираме на тој план за раст кој што го претстави самата претседателка на Европската Комисија“ посочи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека суштината на македонските политичари е да ги застапуваат македонските интереси за кои што се платени од народни пари.

„Но она кое што е важно и кое што е суштина е сепак треба да знаеме дека Фон Дер Лајен ги претставува интересите на ЕУ и за тоа е платена, додека ние како политичари сме платени од народните пари да ги застапуваме интересите на граѓаните кои што живеат овде и македонските интереси. На крајот од денот треба да ги штитиме нашите интереси кои се пред и над се. Кога ги коментираме изјавите на европските политичари еве холандскиот амбасадор Коп кој што кажа дека едноставно влечеме средства од европските даночни обврзници а немаме никакви реформи во таа насока за да го приближиме стандардот на македонското општество до европското“ нагласи Стојаноски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2023 05:57