На денешната трибина „Македонија сојузник на младите - перспектива и иднина“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Валандово свое обраќање имаше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов, кој што истакна дека СДСМ ветуваше многу но не исполни ништо и создаде апатија и незадоволство кај младите а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата и креира многу проекти и мерките за млади како ослободувањето од данок за компаниите кои ќе вработат младо лице, 0 % данок за фриленсери, изградба и реконструкција на студентските домови, нови студентски домови, подобрување на условите во основното и средното образование.
„Можам да констатирам дека апсолвирана тема во Македонија е дека младите немаат партнер во државата, дека државата Македонија не е мајка за своите млади луѓе туку мажеа и природно и следствено на тоа младите луѓе не чувствувајќи партнер во државата, гледајќи дека државата не им го чува грбот, не вложува во нив во се поголем број се одлучуваат да ја напуштат. СДСМ ги излажа сите категории на граѓани во Македонија и младите и земјоделците и млекарите и лекарите буквално сите но зошто е страшно начинот на кои беа излажани пред 6, 7 години наназад СДСМ јаваше на незадоволството на младите па веројатно и логично им се виде во тоа време многу и да им ветат на истите“ нагласи Попов.
Попов додаде и дека СДСМ ветуваше многу но не исполни ништо и создаде апатија и незадоволство кај младите но ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата и ќе креира мерки и проекти за млади.
„СДСМ не исполнија ништо и со тоа предизвикаа апатија кај младите луѓе а со тоа младите луѓе да чувствувааат одбивност и незаинтересираност кон политиката и политичкиот активизам. Сето тоа како УМС на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години се трудиме да го промениме и да ја вратиме енергијата и сметаме дека ја враќаме бидејќи се поголем број на млади луѓе се одлучуваат да пристапат кон унијата на млади сили. СДСМ не се партнер на младите луѓе ветија студентски град не исполнија ништо и токму затоа најголемиот удар оваа власт ќе го доживеат токму од младите. Мислам дека она што ги брка младите од Македонија е ненормалностите во македонското општество, целосната неправда која што ја чувствуваат во секој еден дел од живеењето. Основна работа која ќе треба да ја направиме како влада освен мерките за млади како ослободувањето од данок за компаниите кои ќе вработат младо лице, 0 % данок за фриленсери, изградба и реконструкција на студентските домови, нови студентски домови, подобрување на условите во основното и средното образование е младите луѓе да се разбудат во една нормална држава“ истакна Попов.