Во вечерашната емисија „24 анализа“ на 24 ТВ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој во однос на законот за амнестија кажа дека е ветување на власта во однос на ослободување на некои лица пред изборите, и посочи дека тие закони се пишуваат во партиските штабови по интерес и математики на власта во пресрет на изборите.

„Законот за амнестија не е фактички она што сака Лога да го постигне и јасна е приказната како што Лога не застана зад кривичниот законик па беше поднесен само од заменичката Мадиќ така што сега таа не застанува зад предлог законското решение за амнестија што ќе го поднесе Лога тоа е една „какафонија“ што излегува од министерството за правда. Всушност тие предлози ако се сеќавате на реакцијата на Блупринт групата што ја напушти работаат во министерството за правда фактички се пишуваат закони во партиските штабови по интерес или некои математики во пресрет на изборите“ нагласи Стоилковски.

Стоилковски кажа и дека законот за амнестија е ветување на власта во однос на ослободување на некои лица пред изборите.

„Ќе прашам каква врска има тоа со условите во затворите, дали во законот за амнестија има дел што опфаќа ресоцијализација, дали ќе има намалување на агресија, криминал и се што е дел од она што се луѓето во затвор, дали можеби Лога ќе им обезбеди работа и егзистенција за да не се вратат во затворот? Не, станува збор за апсолутно популистичка мерка она што им било наводно ветувано пред изборите во однос на ослободување во извесни случаи и да можат сега да го реализираат на овој начин“ посочи Стоилковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2023 04:27