ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите со лажни обвинувања на владиниот советник Исмет Рамадани и обидите за загушување на слободата на говор изразени на емисијата „Само Вистина" на Канал 5.
Владата и Ковачевски треба под итно да се извинат и оградат од ставовите на својот советник.
Во спротивно овој атак треба да се смета како смислено сценарио и позиции на владата. Не е прв пат првенци на владата да застапуваат ксенофобични ставови и да изразувааат непочит кон медиумите.
Секогаш кога немаат аргументи од власта одбрамбениот механизам се лажните обвинувања и лепењето на етикети дека некој прави атак врз Албанците.
Да не се заборави дека власта има селективен однос кон медиумите, делејќи етикети, премиерот и неговите луѓе да се конфронтираат со новинари и притоа да се не оградат од ваквите пистапки.
Власта во заминување губи контрола и тоне во сопствената неспособност.
ВМРО ДПМНЕ е на страната на слободата и независноста на медиумите.