Изет Меџити од Демократското движење, придружуван од претседателит на Движењето Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши, на денешната прес-конференција истакна дека ДУИ и одредени поединци во оваа партија вршат притисок врз судиите на Врховен суд околу барањата за враќање на поранешнипот премиер Никола Груевски.
-Тука сме да ја изразиме нашата силна поддршка за судиите под Врховен суд кои се под притисок со барањата за враќање на Никола Груевски. Како што знаеме и како што добивме информации од повеќе лица, Демократската унија за интеграција и одредени поединци кои се инсталирани во раководството на оваа партија продолжуваат да вршат невиден притисок врз судиите во овој суд, со што докажуваат дека тие од политичка партија се претворија во титан и со силата и нивната политичка моќ сакаат да го убијат секој столб на демократијата. Тоа воопшто не е за зачудувување, туку е уште еден показател кој треба да си послужи како освестување за сите нас дека оваа политичка партија стана синоним на лицемерие дејствувајќи против секоја европска вредност додека се повикуваат на истите. Не можете да бидете проевропски и да вршите притисок врз судството. Не можете да бидете проевропски и да бидете дел од секоја афера. Не можете да бидете проевропски и да дејствувате против демократијата, рече Меџити.
Ова, според Меџити, е уште еден показател дека ДУИ не е заинтересирана за Европска унија и за уставните промени.
-Тие имаат потреба Груевски да се обиде да прави политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во централизирана Влада пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ. Искрено жалам за нивото на која падна Али Ахмети и ДУИ, а тоа народот жестоко ќе го осуди на денот на изборите. Во оваа битка сме заедно – ние здружената опозиција, народот, чесните судии, меѓународниот фактор, додека се гледа кој е против нас – корумпирани политичари кои спасот го гледаат во враќањето на Груевски. Уште еднаш им ја изразуваме нашата бескомпромисна поддршка на судиите на Врховниот суд и ги повикуваме да судат според законот. Правдата пред се, а тие што ја нарушуваат правдата знаат каде им е местото. Ние сме сведоци дека после притисокот адвокатот го повлече барањето или барањето за аболиција на екс претседателот Ѓорге Иванов и според наши информации деновиве се спрема да поднесе ново барање до нов судија. Продолжуваат и тоа незаконски по секоја цена да стигнат до целта – да си помине оваа одлука и да се врати Никола Груевски, рече Меџити.
На новинарско прашање во врска со тоа што Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, тој потенцира дека се работи за „валкани работи на власта за политички опстанок, а не за уставните измени и за интересите на граѓаните“.
-Одговорот треба да го побарате од власта. Тие ја преземале иницијативата и за Кривичниот законик и за законот за амнестија и за се што го амнестира организираниот криминал во Република Северна Македонија. Тие се нивни валкани пазарења за политички опстанок а не за уставните измени, за стратешките интереси, за интересите на граѓанинот и тие треба да дадат одговор, рече Меџити.
На прашањето дали имаат некаква порака до Алијансата за Албанците откако денеска не доби поддршка Прдлог-законот за манестија поднесена од министер на оваа партија,тој кажа дека тие како албанска опозиција се отворени не само за оваа партија, туку и за сите лица од невладиниот сектор и независни интелектуалци.
-Албанската опозиција е отворена не само за Алијансата за Албанците, туку и за невладиниот сектор и за секој независен интелектуалец и за секој чинител што ја сака промената после 20 години и кај Албанците во Северна Македонија, рече Меџити.