И овие денови продолжуваат да се обелоденат скандали на Артан Груби од бизнисите со игрите на среќа. Така, неодамна беше објавено дека „Лотарија на Македонија“, со која раководи поранешниот асистент на Артан Груби, Прпарим Бајрами, изнајмила објект вреден 2.6 милиони евра од фирма во која има удел и уште еден поранешен вработен кај Артан Груби – Шабан Амзовски, кој од друга страна е и член на Управниот одбор на „Лотарија на Македонија“.
Значи, сè што е поврзано со бизнисот со игрите на среќа во Северна Македонија се врти околу името на првиот вицепремиер на ДУИ, Артан Груби.
По овие информации, кога се е на виделина, конечно се сети да дејствува и финансиската полиција и тука се чини дека алармот е вклучен. После тоа, според информациите со кои располагаме, поранешниот асистент на Артан Груби, актуелниот директор на „Лотарија на Македонија“ сака да си поднесе оставка, но некој му врши притисок да не го прави истото.
Затоа, ние денеска сме овде, во име на коалицијата АлтернАтивА – Движење Беса – Демократско движење, јавно да го прашаме директорот на „Лотарија на Македонија“, Прпарим Бајрами, дали сака да поднесе оставка и дали неговиот шеф, Артан Груби, му врши притисок да не го прави тоа?
Доколку одговорот е позитивен, ние сме подготвени да му помогнеме да се ослободи од тој притисок, под услов тој да соработува со обвинителството.
За крај, ù се обраќаме на јавноста. Почитувани граѓани, ова е владата на СДСМ-ДУИ, влада која единствени успех го има во игрите на среќа и црните бизниси, кои опфаќаат суми од стотици милиони евра. Сè друго, вклучително и темата за интеграциите и уставните измени, е празни изјави, со кои ја залажуваат јавноста.
Среќата во оваа несреќа е што по неколку месеци ќе има избори и граѓаните ќе се ослободат од оваа корумпирана и криминализирана политичка класа, која утре ќе даде отчет за сите овие извалкани работи.