Од францускиот предлог до сега помина скоро година и пол, а како што гледате Уставни измени нема. Таа тема и е потребна на власта за да дефокусира од криминалите кои ги прави како на пример со Државна Лотарија или РЕК Битола.

- Уставни измени нема да има. Беспредметно е воопшто да влегуваме во тези и хипотези кои што единствена цел имаат да се замајува јавноста од вистинските теми, а тоа на пример е како е возможно да Државна лотарија се исели од државни простории и оди во приватни простории, и да потпише 2.6 милиони евра кирија и после таа фирма е купена од син на пратеник од ДУИ“, потсети Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2023 14:55