Корупцијата во Македонија е спуштена на најниско можно ниво а граѓаните не можат да завршат основна административна работа доколку немаат некој познат во државните институции или пак доколку не платат за да добијат таа услуга, на било кој начин, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неделното интервју за Радио слободна европа.

- На Македонија и е потребен обвинител кој ќе може да се спротивстави на организираната шема во која се вклучени адвокати, обвинители и судии а од која патат и граѓаните и државата. Ако некое лице има проблем и го најде правиот адвокат, тогаш неговата работа ќе биде завршена дури и да не е во право, од друга страна пак, ако друг граѓанин нема адвокат од оваа шема дури и да е во право, правдата нема да биде на негова страна, вели Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2023 15:03