Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Гилес Норман, амбасадор на Канада во Македонија, со кој зборуваа на сите актуелни општествено - политички прашања.

Претседателот со жалење констатира дека Извештајот на ЕК го потенцира сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години наназад, а тоа е дека Македонија тоне во корупција, дека нема борба против криминалот, и дека власта практично е фасилитатор, наместо да ги санкционира таквите појави.

Претседателот ја истакна посветеност на ВМРО-ДПМНЕ за влез на Македонија во ЕУ, на база на рамноправност и почитување на принципите, а не на диктати.

Истовремено претседателот се заблагодари на поддршката која ја добиваме од Канада како држава, но и изрази надеж дека тоа ќе продолжи и во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2023 19:14