Во денешното гостување во вестите на Канал 5 Телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека логично е изборите да бидат споени затоа што на Македонија напролет треба да и се случат претседателски и парламентарни избори.

„Логично е изборите да бидат споени затоа што на Македонија напролет треба да и се случат и претседателски и парламентарни избори. Максимално еве и да се тегнат роковите разликата помеѓу едните и другите избори не може да е повеќе од месец и половина до два. Така што логичното прашање се поставува дали Македонија е толку богата држава да два пати троши пари за избори. Јасен е одговорот власта сака ден повеќе да купи и јас до денес не добив ниеден кредибилен аргумент од страна на СДСМ зошто за Македонија се подобри раздвоени отколку споени избори“, кажа Николоски.

Потпретседателот продолжи и додаде добредојдена е секоја комуникација која може да донесе да има споени заеднички избори.

„Секоја комуникација се што може да не донесе кон тоа да имаме заеднички споени избори е добредојдена од наша страна. Ние го понудивме 8-ми Мај како опција кога можат да се спојат претседателските и парламентарните избори остануваме отворени и за други идеи кои ќе не донесат кон споени избори затоа што нема логика два пати да се трошат пари, економијата да замрзне, државата да замрзне кога максималната разлика помеѓу едните и другите избори може да е месец и половина до два, а оваа власт секако ќе загуби на следните претседателски и парламентарни избори“, заклучи Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2023 23:46