Градскиот тетовски женски младински хор „Менада“, по повод на 19 Ноември, Денот на ослободувањето на Тетово, организира концерт на фолклорна музика.

-Македонската традиција и обичаи во недела ќе бидат раскажани преку хорска изведба на градскиот хор „Менада“. Концертот ќе биде проследен со автентичен етно стил. На промотивниот плакат се претставени три невести – Сетолчанки, дело на академскиот сликар Павле Кузмановски, како илустрација на песната „Огреала месечина“, информира диригентот Ивица Зориќ, основач и долгогодишен диригент на хорот.

Концертот ќе се одржи НУ „Музеј на тетовскиот крај“ (Дом на АРМ), а влезот е слободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2023 04:54