Една третина од британските вработени признале дека на работа носеле пижами, покажуваат резултатите од истражувањето на фирмата за врабортување „Индид“ (Indeed).
Анкетата покажува дека вработените носат пижами на работа во просек 46 работни дена годишно, при што секој 12 носи пижами секој ден.
Речиси половина од анкетираните шефови изјавија дека персоналот станал премногу лежерен од пандемијата на Ковид-19 поради работа дома, а 29 проценти се залагаат за построги кодекси на облекување.
За работодавците пижамите се најнесоодветниот работен изглед, потоа неизмиената или неуредна коса, а 44 отсто истакнаа дека вработените не треба да се носат долни тренерки.
Двајца од пет работодавци истакнаа дека обучувачите се несоодветно облечени.
„Индид“ од 24 до 30 октомври иаше две истражувања при што беа испитани над 1.000 вработени и 500 работодавци во Велика Британија.