Судот во Јужна Кореја го осуди 68-годишен Ли Јун-сеоп на 14 месеци затвор затоа што во 2016 година напишал песна во која ја пофалил Северна Кореја.
Тој во песна „Средства на обединувањето“ наведува доколку двете Кореи се обединат под социјалистичкиот систем на Пјонгјанг, граѓаните ќе добијат бесплатно сместување, здравствена заштита и образование. Исто така напиша и оти во обединета Кореја би имало помалку самоубиства и долгови.
Неговата песна беше прогласена за една од најдобрите на поетскиот конкурс во ноември 2016 година.
Ли веќе помина 10 месеци во затвор за сличен прекршок во минатото.
Согласно законот во Јужна Кореја е забрането јавно да се фали Северна Кореја