Фудбалерот на Баерн Минхен, Матијас де Лихт, е блиску до враќање на теренот, откако веќе втор месец паузира поради повреда на коленото, соопшти денеска германскиот првак.

Во клупското соопштение на Баерн се наведува дека Де Лихт денеска успешно го минал првиот индивидуален тренинг по повредата.

Де Лихт го повреди коленото на 1 ноември во сензационалниот пораз на Баерн од третолигашот Сарбрикен (2-1) во Купот на Германија.

Баерн од тој натпревар нанижа четири победи, вклучувајќи го и триумфот против вицешампион Борусија Дортмунд од 4-0.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 05:17