Премиерлигашот Челзи е подготвен на крајот на сезоната да му понуди на Наполи 120 милиони за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, објави денеска британскиот весник Дејли телеграф.
Истиот извор наведува дека клубот од Лондон има доволно пари за реализација на трансферот уште во зимскиот преоден рок, но оти најреална е опцијата Челзи и Наполи да постигнат договор околу нигерискиот фудбалер.
Осимен, како што додава Дејли телеграф, саска да ја продолжи кариерата во Премиер лигата и со симпатии гледа на проектот околу новиот тим кој го создава Челзи.
Дваесетичетиригодишниот Осимен има договор со Наполи до 30 јуни 2025 година